Штетите од климатските промени последниве години се големи, а земјоделците и понатаму избегнуваат да применуваат соодветни агротехнички мерки за заштита од студ, град, поројни дождови и високи температури. Заштитните мрежи и огради се скапа но исплатлива инвестиција, тврди Петар Ѓоргиевски од Мрежата за рурален развој, но додава дека има и ефтини мерки.
Секој оној кој сака сериозно да се занимава со земјоделство треба да се грижи и за заштита на своите производи, вели Ѓоргиевски.
Според него, доколку дојде до град и уништување на посевите, земјоделците ќе претрпат големи загуби.