• Fri. Nov 22nd, 2024

Меркел остро ги критикуваше дискусиите за ублажување на мерките во Германија

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска остро ги критикуваше дискусиите што се појавија низ Германија за ублажување на рестриктивните мерки воведени за ограничување на ширењето на пандемијата на коронавирус.

За време на видео конференцијата на раководството на нејзината партија Христијанско-демократска унија (ЦДУ), Меркел јасно стави до знаење колку е несреќна што пораките за внимателно ублажување на рестриктивните мерки, во некои сојузни покраини довеле до „оргии во дискусиите“ за тоа кога да се отвори сè, пренесе Макфакс.

Меркел изрази загриженост дека постигнатиот напредок во намалувањето на ширењето на инфекцијата може да биде поткопан од фактот дека малкумина ќе се придржуваат кон мерките за социјална оддалеченост.

„Во ова не помагаат дискусиите за олабавување на ограничувањата“, рече Меркел, а пренесоа партиски извори.

За време на пандемијата на коронавирус, поддршката на Ангела Меркел силно се зголеми поради нејзиното лидерство во време на криза. И нејзината демохристијанска унија ЦДУ/ЦСУ, која беше на дното на популарноста забележано во последниве години, доби силна поддршка од гласачите и сега е поддржана од 39 проценти од јавноста, што е најдобриот резултат од парламентарните избори во 2017 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *