• Sun. Nov 24th, 2024

МЕПСО и ЕВН го санира дефектот во трафостаницата кај Сушица, населените места добија електрична енергија

ByВане Трајков

Jun 13, 2019

Екипите на МЕПСО заедно со колеги од ЕВН го санираа дефектот што се појави на Трафостаницата кај Сушица со што е пуштена истата на . преносната мрежа . Ова значи дека населените места од општините Босилово и Ново Село добија електрична енергија информираа од МЕПСО

Националниот диспечерски центар вчера регистрирала безнапонска состојба во трансформаторската станица „Сушица“ во близина на Струмица поради пожар. Причина за испадот е голем дефект на примарната опрема на едно 110 киловолтно поле по што, согласно со процедурите за манипулации во постројка, била исклучена целата трансформаторска станица. Заради дефектот без напојување со електрична енергија останаа неколку населени места во тој регион.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *