• Fri. Nov 22nd, 2024

Медицинарите од СОУ „Димитар Влахов“ и годинава го одбележаа Светскиот ден на здравјето

Медицинарите од СОУ „Димитар Влахов“ од Струмица и годинава организираа хуманитарна акција по повод Светскиот ден на здравјето. На повеќе локации низ градот денес беа реализирани активности за подобро здравје. Најпрво во училиштето, а потоа во трговскиот центар Глобал, учениците од зравствената струка мереа крвен притисок, шеќер во крвта и телесна тежина на граѓаните. Исто така тие беа во посета на домовите на болни лица, а донираа постелнини и други работи во струмичката болница.

Светскиот ден на здравјето се одбележува секоја година на 7 април и денот на основањето на Светската здравствена организација во 1948 година. Годинава Светскиот ден на здравјето се одбележува под мотото „Болести кои се пренесуваат преку вектори или вектор преносливи болести” со напомена „Мал убод, голема закана”.

[wpdevart_youtube]AX5lJDZvv80[/wpdevart_youtube]