Мегу Нов и Стар Дојран ќе никне нова населба со околу 150 парцели за постојано и времено домување. Ова се проекциите на општина Дојран со цел да го заживее просторот мегу двете населби,со доаѓањето на водите во Дојранското езеро. Се очекува наскоро да се урбанизира овој простор кој заедно со парцелите од населбата ,,Карач,, општинарите очекуваат да се излезе во пресрет на заинтересираните физички лица за изградба на апартмани и викендици
Стамов тврди дека мора да се проширува локалитетите за изградбата на сместувачки капацитети, со оглед дека фокусот е постојано на Стар Дојран каде заради конфиругарцијата на теренот нема многу слободни парцели. Се бараат парцели и за изградба на хотели
Лани во Дојран се остварени над 250 илјади нокевања, бројка која се очекува и годинава. Но проблем во моментов се надојдените води во езерото кои речиси ги поплавија сите плажи во стар Дојран