• Fri. Nov 22nd, 2024

МВР објави оглас за вработување на 50 полицајци во Струмица

Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за прием на 600 полицацајци, согласно своите организациски потреби, како и согласно со одредбите од законите за внатрешни рабои и за полиција, и подзаконските акти.

Сто полицајци се бараат во Сектор за внатрешни работи Скопје, по 50 во секторите за внатрешни работи во Струмица, Охрид, Битола и Куманово, а по 30 во секторите за внатрешни работи во Тетово, Велес и Штип. Во Регионалниот центар за гранични работи Север – 50 полицајци, по 30 полицајци во регионалните центри за гранични работи Запад и Југ, во Регионалниот центар за гранични работи Исток – 20 извршители. Во Одделот за заштита на определени личности и објекти – 30 полицајци, во Единица за брзо распоредување – 30 полицајци и во Единица за специјални задачи – 20 полицајци.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *