Ве информираме дека сте предмет на тековни правни постапки за сајберпорнографија, порнографски сајтови и детска порнографија. Одговорете во следните 48 часа – лажни електронски пораки со ваква содржина веќе четири дена се испраќаат во име на МВР и УЈП. П
ретставувајќи се во име на министерот Спасовски и Европол, испраќачот бара граѓаните да испратат лични податоци преку вибер линк и објаснување за наводните сторени дела, во спротивно ќе бидат уапсени. Од МВР потенцираат дека испраѓачите го злоупотребуваат и потписот на Спасовски и го користат логото на полицијата, затоа апелираат граѓаните да не наседнуваат на ваквиот обид за измама и да не ги отвораат линковите кои се споделуваат во пораките.
Првата порака во име на МВР била испратена минатата недела, а одделот за компјутерски криминал ги детекрира ваквите пораки и работи на расчистување, велат од полицијата.
Според МВР ваквите обиди за измама се со меѓународен предзнак, имајќи предвид дека електронски пораки со слична содржина во изминатиот период беа испраќани и на граѓани во земјите од регионот.