Министерството за внатрешни работи (МВР) денеска апелираше до граѓаните, особено до родителите, како што велат, да обрнат внимание на активностите на своите деца на социјалните мрежи. Оваа реакција на МВР следува по предупредувањето од Интерпол за појава на видеа со повици за самоповредување, објавени на мрежата Тик-Ток.
„Од страна на Интерпол е добиена информација дека на профили на социјалната мрежа „Тик Ток” во Русија и Израел се забележани повици за самоповредување на малолетни лица“, наведува МВР во денешното соопштение.
Спорeд Министерството, досега вакви повици нема од профили на наша територија ниту од околните држави. Но полицијата апелира „на будност и надзорза да се избегнат било какви несакани случувања“. Според објавите на медиумите од регионот, истата информација Интерпол ја доставил и до надлежните служби и во другите држави од регионот.