Самохраната мајка Живка Геленчева соопшти дека се собрани парите за лекување и операција на нејзиниот син Игор во Турција. Лекувањето е закажано на 6 септември но не се исклучува можноста да заминат порано во турската клиника бидејки здравствената состојба се влошува кај 14 годишното момче, кај кого е дијаностициран тумор на мозокот и крварење за што е потребна итна интервенција.
,,Сакам да упатам благодарност до сите хумани луѓе, фирми, организации и институции за несебичната помош за мојот Игор. Сакам да истакнам дека се собрани потребните средства за преглед, операција и лекување на Игор. Наскоро со официјален допис ќе ве известам за висината на донациите и сите трошоци за лекувањето на мојот син, пред и после оперативниот период. Не очекува долг пат. Со благослов од сите Вас добри луге, се надевам дека ќе го изодиме во мир и здравје. Нека биде Игор добро а сите средства што ќе останат од неговото лекување и заздравување ќе ги донираме на некој што му се потребни како на нас,, рече Живка во изјава на Канал ВИС која потврди дека кај нејзиниот син главоболките зачестиле а Игор почнал да го губи видот.