Матурантите од СОУ „Никола Карев“ засадија јавор во дворот на училиштето. Последниот училишен ден го искористија за засадување дрвце како доказ и аманет за идните генерации. Во акцијата учествуваа средношколците од четврта година
Шумарско-дрвопреработувачка струка, техничар за мебел и ентериер, директорот на училиштето Драган Јанков, класниот раководител Никола Делевски и други наставници.
Инаку, матурската прослава за матурантите од техничкото училиште е вечерва. Синоќа, струмичките гимназијалци го прославија завршувањето на средното образование, а во четвртокот беше матурската забава за средношколците од СОУ „Димитар Влахов“.