• Tue. Dec 3rd, 2024

Маричиќ во работна посета на Стразбур

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, престојува во работна посета на Стразбур.

Во рамките на посетата вицепремиерот Маричиќ во Советот на Европа ќе се сретне со Меглена Кунева, амбасадор на ЕУ при Советот на Европа, и со генералниот секретар на Советот на Европа, Марија Пејчиновиќ-Буриќ.

Во фокусот на разговорите ќе биде европската перспектива на земјата, како и искуството на Бугарија во водењето пристапни преговори со Унијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *