• Fri. Nov 22nd, 2024

МАНУ: Иднината на образованието е во СТЕМ дисциплини и зелени компетенции

ByВане Трајков

Jan 28, 2023

Иднината на образованието треба да се базира на развојот на т.н. STEM дисциплини (наука, технологија, инженерство и математика), родовата еднаквост и развојот на зелените компетенции кај младата популација беше заклучено на работилницата која се организираше во Македонската академија на науките и уметностите – МАНУ.

Настанот го отворија претседателот на МАНУ, академик д-р Љупчо Коцарев, проф. д-р Никица Мојсоска Блажевски, главен извршен директор на Македонија 2025, Џан Мемед, директор на дирекција за корпоративни клиенти, претставник на Халкбанка АД Скопје, како и проф. д-р Радмил Поленаковиќ, претставник на Машински факултет, УКИМ и Претседател на Националниот центар за развој на иновации и претприемничко учење од Скопје.

,,Денешното присуство на преку 100 наставници и директори од над 25 средни училишта од целата наша држава е доказ за интересот и желбата континуирано да го подобруваме образованието, преку дискусија и елаборирање на теми кои се во фокусот на интерес на развиените земји, а особено се значајни и за нашата држава бидејќи се директно поврзани со нашата иднина и со одржливиот економски развој. Не само желба, туку и наша обврска е да ги поттикнеме нашите ученици да развиваат критичко размислување, да решаваат реални проблеми и да се соочуваат со предизвиците на денешниот свет”, изјави проф. д-р Радмил Поленаковиќ, фокусирајќи се на патот кон зелена транзиција и развој на зелени вештини.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *