Манастирскиот бисер на Југоистокот, црквата Света Богородица Елеуса е дел од 15те нови изданија од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија’. В среда, во Археолошкиот музеј во Скопје ќе бидат промовирани насловите на македонски јазик, меѓу кои се и Црквата Св.Богородица – Матејче; Керамичките рељефни плочи од Виница; Маркови кули, Варош – Прилеп; Таор (Антички населба Tauresium); Баргала; Манастирот Трескавец; Тумба Маџари, археолошки локалитет и неолитско село; Црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум.
Од југоистокот на англиски јазик ќе биде промовирана и монографијата за Големата бања во доцно римската терма во Банско.
Овој настан е во рамките на годишната програма на Управата за заштита на културното наследство за одбележување на Европската година на културното наследство 2018, која се спроведува под слоганот „Нашето наследство – Европска вредност!“ и мотото „Кон споделена одговорност за заштита на културното наследство“.
Богатата национална програма на Управата за заштита на културното наследство за 2018 година, содржи бројни активности и настани за популаризација на македонското културно наследство, негово приближување до пошироката јавност преку јавни презентации, промоции и едукативни настани за деца, млади и студенти; ќе бидат публикувани значајни изданија за културното наследство, ќе бидат организирани стручни настани во вид на работилници и обуки за вработените во институциите за заштита на културното наследство, но и за граѓанскиот сектор и локалните заедници.