• Sat. Nov 23rd, 2024

Макс Струмица славеше и во Охрид, рибарите немоќни пред рисовите

????????????????????????????????????

Ракометарите на Макс Струмица ја забележаа третата последователна победа во плејофф завршницата од ракометниот шампионат и во моментов се на лидерската позиција на табелата. На гостувањето во Охрид на еден од директните ривали за освојување на третото место веднаш зад фаворитите Варадар и Металург, струмичките рисови славеа победа со 30:28 со што ја замолкна салата ,,Билјанини извори,, и го шокираше домашниот состав.

Избраниците на Ванчо Трендафилов победата ја заверија уште во првите 30 минути кога имаа предност од 6 гола (20:16). Охрид се обидуваше да направи резултатски пресврт но момците од Струмица не дозволија. Драматично беше во финишот од средбата. При резултат 29:28, Охрид имаше пенал за израмнување но голманот на рисовите Костески успеа да го одбрани а преку Чизмовиќ и да финишира со погодок за  краен  резултат од 30:28.

Мајиќ со 11 гола беше енигма за охридските рибари а по ефикасност се издвоија и Везенковски со 8, Милосављевиќ со 6 и Чизмовиќ со 5 гола , додека голманот Костески имаше 11 одбрани. Со ова победа Макс Струмица покажа дека е тим кој по квалитет е веднаш зад гигантите Вардар и Металург

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *