• Wed. Nov 27th, 2024

Макс забележа нова победа и ги отвори портите за ЕХФ лигата

Ракометарите на Макс Струмица по втор пат забележаа победа против Работнички  од Скопје со што се зацврстија на третата позиција во ракометниот шампионат на Македонија и полека си ги отвараат  вратите за четвртото последователно учество во ЕХФ Купот.  Во салата Парк ,,рисовите,, славеа во драматичен натпревар во кој Работнички како домаќин имаше водство до средината на второто полувреме. Сепак крајниот резултат беше во корист на струмичани 32:33. Борче Соколов со 10 гола и Мирко Мајиќ со 9 беа најефикасни кај струмичките ,,рисови,, каде како стрелци се запишаа и Игор Милосављевиќ, Златко Везенковски и Павле Атанасов. Следното коло Макс Струмица му гостува на Прилеп и со евентуална победа дилемите ќе бидат решени која ќе биде третата  ракометна екипа во Македонија, што ќе биде одличен успех за рисовите  по многуте проблеми во есенскиот дел на шампионатот и лошите настапи во Сеха лигата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *