Голем дел од македонските компании, особено оние поновите, го почнуваат економското работење без јасна визија и долгорочна стратегија за својата работа. Според искуството на маркетинг-агенциите, најголемиот дел од компаниите работат стихијно и не се сигурни на каде се движат. Во такви услови, тие сметаат дека вложувањето во реклами не е инвестиција, туку непотребен трошок.
Андонов вели дека тоа е само еден од проблемите. Друг е што главните менаџери, најчесто сопствениците, тешко се откажуваат од апсолутната контрола над компанијата, што исто така може да има сериозни последици во согледувањето на проблемите.
Генералната оценка на маркетинг-секторот смета дека македонскиот рекламен колач е мал, а расположливиот рекламен буџет е во постојан пад. Токму затоа маркетерите сѐ почесто се ориентираат кон клиенти од странство, во обид да обезбедат поголем простор за работа и постабилен пазар.
Прилог на Сузана Мицева