Пред 80 години, на денешен ден во 1941 година во Струга, за прв пат била испеана песната „Денес над Македонија се раѓа“ – денешна официјална химна на Република Македонија.Автор на текстот е Владо Малески, а музиката е на Тодор Скаловски. Песната е напишана во 1941 година, а по завршувањето на Втората светска војна, усвоена е како химна на СР Македонија во рамките на поранешна СФРЈ.