• Fri. Nov 22nd, 2024

Македонија Макс полуфиналист, Наковски Волеј одличен

Македонија Макс забележа нова победа против градскиот ривал Наковски волеј. Овојпат во реванш дуелот од четвртфиналето од Купот.  Во неизвесен и драматичен натпревар, со многу атрактивни поени и скандирања во салата,  избраничките на Зоран Јанков славеа со резултат од 3:2 во сетови. За разлика од пред седум дена кога Наковски волеј одигра слабо и бледо  овојпат одигра далеку подобро, дури атакуваа и на победа. Одбојкарките на Хари покажаа храброст и самодоверба и во одредени моменти одиграа и одлично засенувајки го далеку поискусниот состав на Макс.

Првиот сет го добија ,,домакинките,, со 25:17 иако ,,гостинките,, покажаа дека нема да бидат лесен залак како во привот меч. Во вториот сет одлучуваа нијанси. Малку недостасуваше да дојде до 1:1. Наковски волеј имаше предност од 4 поени но пропушти пет сет топки. Благодарение на сервисот на Марија Ричлиева , Макс го доби и вториот сет и тоа на разлика 28:26.

Но во продолжение стапија младите и надежни одбојкарки на Наковски волеј.  Буквално ги искористија сите грешки на Македонија Макс и не ја повторија грешката од вториот сет. Милева, Стојанова Ива и Благица, Фасулева, Баџакова, Илиева, Делчева успеаа да го добијат третиот сет со 25:22 и да намалат на 2:1 во сетови. Тоа беше изненадување за едните, радост за другите,  бидејки одамна се чуствува градското ривалство меѓу двата тима. И кога сите помислија дека третиот сет била чиста случајност, Наковски волеј не запре. Напротив го шокираше Македонија Макс. Во четвртиот сет одиграа перфектно наспроти Македонија Макс кој не се препознаваше. Одбојкарките на Наковски стаса и до плус 12 предност за да на крај го освојат со 25:17 за 2:2 во сетови

Петиот одлучувачки сет и припадна на Марија Ричлиева на чии сервиј Наковски волеј не знаеше да се снајде за што зборува и почетниот резултат од 9:0. Останатото беше рутина за Макс кој петиот сет го доби за 3:2 во сетови за доминација на Ричлиева, Белмезова, Владевска, Ѓеоргиева, Гуцева, Димитриева, Нистрова, Дикова и Витанова.

Македонија Макс е на добар пат да се најде во финалето од Купот а Наковски волеј со прикажаната игра да биде незгоден противник за сите одбојкарски прволигаши

СНИМКА ОД ДУЕЛОТ МАКЕДОНИЈА МАКС – НАКОВСКИ ВОЛЕЈ НА КАНАЛ ВИС НА 2.3 ВО 22, 30

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *