Драматичен и неизвесен натпревар, многу прекини, жолти и црвени картони и победа на гостинките. Ова е накусо епилогот од денешниот дуел меѓу Македонија Макс и Јанта Волеј во рамките на второто коло од првата женска одбојкарска лига . Избраничките на Зоран Јанков ги губеа првите два сета но во продолжение се надминаа себе си. Со многу поцврста игра во приемот и нападот ги разнишаа самоуверените гостинки кои помислија дека лесно ќе стасат до победата во Струмица, но за жал немаа сили за целосен резултатски пресврт за прва победа во шампионатот
Јанта Волеј го започна напреварот фуриозно и го доби првиот сет со 25:17. Во вториот одлучуваа нијанси . Го добија повторно гостинките (25:23) , иако Макс го имаше во своите раце. Налутени што не израмнија струмичанки беа немилосредни во продолжението добивајки го третиот (25:15) и четвртиот сет (25:17) по што следуваше прекин заради протекување во салата.
Во продолжение гостинките од Скопје сепак го добија петиот сет со 15:13 за победа од 3:2 во сетови. На овој натпревар судиската двојка од Струмица Василев и Трајков покажаа дури 4 картони и тоа по два жолти и два црвени за обата табора што наиде на револт кај присутните бидејки сметаа дека се неоправдани за клупата на Макс и дека премногу се толерира стратегот на Јанта – Јаневиќ .