Со товарен авион со 30 тони опрема, 70 скали и лифт за настапот, Мадона пристигна на финалето во Тел Авив, Израел.
Таа треба да испее две песни, „Like a prayer“ и новата песна „Future“.
Мадона На настапот в сабота Мадона ќе ја придружуваат раперот Кову, хор од 40 лица, 25 танчари и десетици кореографи
Таа веќе ја имаше првата проба, без потпишан договор, но од денеска веќе нејзиниот настап стана и официјален, објави „Ерусалим пост”, коj додаде дека Мадона за својот настап од 20 минути ќе ја чини „Евровизија“ 1,5 милиони долари.
Според странските медиуми, Мадона со приватен авион слетала на меѓународниот аеродром „Бен Гурион“ и се сместила во хотелот „Дан“.