По неколкучасовно гасење, пожарникарите успејаа да го локализираат пожарот во една од зградите на поранешната касарна. Зградата почнала да гори попладнето помеѓу 16.00 и 17.00 часот. Станува збор за една од зградите којашто не е во функција, и во којашто нема движење. Засега не е познато како почнал пожарот што ја зафати и целата кровна конструкција на зградата.
Пред еден месец, се запали зградата на поранешен Инкубатор, поточно делот во кој беа сместени повеќе деловни субјекти. Во тогашниот пожар целосно изгоре Тв ВИС и една конфекција, а голема штета претрпе и печатницата што се наоѓа во приземјето на објектот. За тој пожар се уште не е готов извештајот којшто треба да ги открие причините но и местото од каде тргнал. Според првичниот увид на полицијата не стануваше збор за човечки фактор.