• Sun. Nov 24th, 2024

Лишени од слобода две млади лица од струмичко, пронајдена им е марихуана

ByЃ. K.

Apr 16, 2024

На 15.4.2024 во Струмица, полициски службеници од Полициската станица Струмица ги лишиле од слобода К.Ѓ.(20) од село Мокрино, струмичко и А.Т.Г.(26) од село Колешино, струмичко. При преглед на патничко возило „опел“ со струмички регистарски ознаки, управувано од К.Ѓ., во кое сопатник бил А.Т.Г., била пронајдена марихуана.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

By Ѓ. K.