На 8.3.2024 во 21.20 часот во Струмица, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода М.М.(29) од Струмица. При преглед кај лицето била пронајдена марихуана.
За настанот е запознаен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.