Покачена температура кај струмичанец кој на 22 февруари се вратил од Италија е причина за негово тестирање на коронавирус. Резултати се очекуваат наскоро, информира на прес конференција министерот за здравство, Венко Филипче.
„Струмичанец до сега немал индикации дека е болен се додека не покачил температура. Лицето утрово само се јавило на тестирање“ – кажа министерот Филипче.
Тој соопшти дека во земјава не се регистрирани нови случаи на заболувања од овој вирус. Пациентката кај која е потврден единствениот случај на коронавирус е во стабилна состојба. Таа е влезена е во фаза на опоравување, додека патниците и контактите поврзани со неа остануваат во изолација, петмина се од Струмица.