• Fri. Nov 22nd, 2024

Лица со попречености во Струмица стекнуваат работни вештини за вработување

Осум лица од кои четири со попречености и четири коишто се борат со зависности секојдневно доаѓаат во првиот Ценатар за работно ориентирана рехабилитација. Подготвуваат овошје и зеленчук за сушење или пакуваат сушени и свежи производи. Сократ Манчев кој раководи со Центарот, вели дека работната атмосфера е како и во секоја друга компанија што е дополнителна мотивација.

Со нив работат и стручни лица коишто ги водат низ процесот. Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, вели дека ова е исклучително важно за целосна инклузија во општеството.

Центарот за работно ориентирана рехабилитација за лица со попречености го финасиираат УНДП и Швајцарската амбасада.

Според СЗО, 15% од светската популација се соочува со одредена попреченост, што значи во земјава има околу 300 илјади лица со попречености.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *