,,Во Балканска сага ништо однапред не е дадено, туку таа е една потрага по човечките односи. Јас пишувам и на македонски и на албански јазик, јас сум изненаден до кој степен луѓе од различна народност се препознаваат во ликовите на Балканската сага, во одделни романи. И тоа е сведоштво до кој степен човечката судбина е заедничка“ . Вака истакна академик Луан Старова на книжевната вечер во Струмица каде го престави циклусот ,,Балканска сага’’. Тој смета дека литературата и книжевното творештво може да ги обедини различностите бидејки секој поединец дели иста судбина и се соочува со истите проблеми
За Луан Старова и за неговите книжевни дела говореа Кире Козаров и Димитар Башевски, а осврт на првиот роман „Татковите книги“ од циклусот „Балканска сага“ за кои се напишани голем број критики, книжевни студии, говореше Ацо Гогов.За егзодусот во неговите романи од „Балканска сага“ говореше и Благој Стојанов од Здружението на бежанците „Незаборав“ од Струмица.Академик Луан Старова, од струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски доби плакета со логото на општина Струмица