• Sun. Nov 24th, 2024

Лекари и сести од Воено медицинскиот центар на АРМ се вклучуваат на Интерните клиники

Дванаесет лекари и 20 медицински сестри од Воено медицинскиот центар на Армијата, од денеска се вклучуваат во работа на Интерните клиники каде има неколку ковид оддели, соопшти Министерството за здравство. Медицинските екипи кои доаѓаат од Армијата на почетокот ќе бидат распоредени во тријажниот центар на Интерно, каде ќе вршат прием на пациенти во ковид одделенијата.

„Оваа бројка на медицински персонал е голема поддршка, земајќи предвид дека сите специјалисти од интерната медицина и инфектолози од почетокот на кризата се посветени на ковид пациенти“, вели Министерството.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *