• Tue. Nov 26th, 2024

Левица ги повикува дојранчани да гласаат против на референдумот

„Левица е против приватизација на водата“, вака напишаа од оваа партија вчера на нивната фан страница на фејзбук и ги повикаа граѓаните масовно да излезат и да гласаат против. 

Од Левица велат дека јавно-приватно партнерство е параван за приватизација на овој ресурс.

Еве ја нивната порака на Фјезук:

„Левица безусловно и безрезервно застанува против намерното уништување и приватизирање на дејностите од јавната сфера за остварување на приватни интереси и криминална злоупотреба! Ние сме против било каква форма на јавно-приватно партнерство, кое само преставува еуфемизам под кој се крие очигледната намера за приватизација.

Изминатите децении, а особено последните години, јавно-приватното партнерство е омилена форма на криминалните власти за уште поголемо осиромашување на народот – преку отуѓување на народните добра и одливање на државни пари во приватни џебови.

Огромен дел од селата околу Дојран немаат функционална канализација и водовод и само пред неколку месеци голем дел од жителите на Дојран беа оставени цели 8 дена без вода за пиење! Огромниот долг на јавното комунално претпријатие не е вина на Дојранчани, туку е очигледна последица на системот на функционирање на картелот СДСМ-ДПМНЕ-ДУИ, кои со децении ги користат јавните услуги само за партиски вработувања и коруптивни зделки. Не треба приватизација, туку ОДГОВОРНОСТ за сторените криминали! Најавените инвестиции од 8.1 милиони евра очигледно завршија во корумпираните структури на власта, а долгот на јавното претпријатие десеткратно ќе биде наплатен од веќе празните џебови на обичните граѓани.

Затоа, во пресрет на најавениот референдум Левица ги повикува жителите на Општина Дојран во недела, на 2 февруари масовно да излезат на референдумот и да гласаат ПРОТИВ плановите на општинската власт за постепено приватизирање на водените ресурси! Водата за пиење во Дојран не е приватна сопственост, ниту нечиј бизнис за остварување на профит. Таа е јавно добро и му припаѓа на народот и мора да остане во сопственост на народот. Се друго е скратување на основното човеково право – правото на чиста вода. Излези и гласај ПРОТИВ!“ – стои во нивното соопштение на Фејзбук.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *