За Денот на независноста на Р. Македонија, ЛД ,,Фазан,, од Василево најавува силен меѓународен турнир во стрелање глинени мети, дисциплина Трап. Турнирот ќе се одржи на стрелиштето кај брана ,,Турија,, каде и досега се организираше, но годинава се најавува масовност и неизвесна борба во трката за освојување на првите места во поединечна и екипна конкуренција. Според информациите што доаѓаат од ЛД ,,Фазан,, од Василево пријавени се околу 60 ловџии и 20 ловни друштва од земјава но и Бугарија. Заради силната конкуренција турнирот ке започне во утринските часови а во жирито за регуларноста ќе се грижи комисија составена од повеќе ловни друштва
,, Подготовките за овој турнир финишираат и се надеваме дека и годинава ќе бидеме одлични организатори и домаќини. Според пријавите што стигнаа за турнирот, навистина имаме силна конкуренција и ќе има неизвесност околу победниците. Околу 60 ловџии ќе угостиме на натпреварот кој станува се поатрактивен меѓу ловџиите, бидејки станува збор за олимписки спорт кој бара прецизност а пред се концетрација и брзина. На натпреварот за најдобрите ќе бидат доделени пехари и медали, но ке бидат доделени и богати награди,, ни кажа Зоран Јанев претседател на ЛД ,,Фазан,, од Василево
Паралелено како што информираа од ,,Фазан,, за сите учесници на турнирот но и ловџии кои ќе бидат присутни на стрелиштето кај брана Турија, е планиран ловџиски ручек подготвен на традиционален начин.