Струмичка Беласица беше на прагот да направи вистинска сензација во рамките на 1/16 финалето од Купот против Пелистер. Гостите од Битола кои се лидери во најелитното фудбалско натпреварување во Македонија се спасија на стадионот Младост откако наидоа на цврстиот и сериозен третолигашки состав на Беласица кој воопшто немаше респект кон противникот. Струмичките сино бели во ниту еден момент не потклекнаа на битолчани кои мислеа дека лесно ќе поминат во Струмица. Но угледот и реномето заради својот прволигашки статус го спасуваа во пенал рулетот.
По првите 45 минути Беласица – Пелистер 1:1. Во второто полувреме идентична слика со по уште еден гол на двете страни. Беласица покажа дефинитивно дека местото не и е во Третата лига и со овој состав заслужува повисок ранг на натпреварување. Откако немаше победник среќата одлучуваше. Но за жал во пенал рулетот битолчани се спасија од третолигашки пораз и се пласираа во осминафиналето од Купот
Инаку Беласица вчера одбележа 94 години од постоењето со ревијален натпревар меѓу ветераните со Тиверија