Подобар подарок за роденден Кристијан Трапановски не можеше да добие. Тој деновиве потпиша договор со чешкиот прволигаш ,,Славија Прага,, и го привлече вниманието на чешката фудбалска јавност. Договорот е три години Трапановски да настапува за чесите кои го сметаат за извонреден талент
,, Овој трансфер значи многу за да напредувам во мојата кариера. Планот е за 6 месеци да настапам и за сениорите на чешкиот прволигаш, но тоа зависи пред се од мене. Тука сум најскапо платен млад играч и преставува дополнителна мотивација за мене да го докажам тоа. ,,Академија Пандев,, е виновна за мојот трансфер без нив немаше да се случи тоа. Во Академијата на Горан Пандев поминав три прекрасни години и засекогаш ќе ги паметам оти се одлично организиран клуб, заради што им посакувам успеси во новата сезона,, кажа 17 годишниот Трапановски за ВИС СПОРТ