Уште е неизвесно дали административците ќе мора да се тестираат на ковид од сопствен џеб или да се вакцинираат бесплатно ако сакаат да одат на работа. На Главниот координативен кризен штаб на денешната седница не беа донесени заклучоци за мерките коишто Комисијата за заразни болести ги предложи минатата недела.
Мерките се однесуваат на вработените во јавниот и државниот сектор и истите предвидуваат за влез на работното место да се приложи вакцинален сертификат со примена најмалку една доза ковид вакцина ПЦР тест не постар од 72 часа кој е на трошок на самиот вработен или сертификат дека го прележале вирусот, пред не повеќе од 45 дена.
Според најавите, мерките ќе се разгледуваат утре на владина седница, претходно, министерот за здравство Венко Филипче ќе има средба со претставници на работничките синдикати. Со предложените мерки се предлага и вакцинацијата да биде задолжителна за сите здравствени работници.