Одделението за внатрешни работи Радовиш до основните јавни обвинителства во Струмица и Радовиш поднесе кривични пријави против Е.Ј. (35) од Штип, со престојување во Радовиш, поради сомнение дека сторил кривични дела „Изнуда“ и „Лихварство“ по член 260 од Кривичниот законик.
Во текот на 2022 година и почетокот на 2023 година осомничениот, искористувајќи ја тешката имотна состојба и недоволното искуство на повеќе граѓани од Радовиш, неовластено им давал пари на заем со устен договор, а при тоа договарал несразмерна имотна корист која најчесто била со неделна камата од 100% , односно двојно поголема од позајмената вредност која се удвојувала со секоја помината недела.
Исто така, осомничениот на две од лицата на кои претходно со устен договор им дал пари, при задоцнета наплата им упатил сериозни закани, со што истите биле присилени да извршат уплата од 300.000 денари за даден заем од 33.000 денари, односно 1.400.000 денари за даден заем со устен договор од 60.000 денари