СВР Струмица поднесе кривична пријава против лицето В.А. (27) од с. Ново Село поради основано сомение дека извршил кривично дело ,,тешка кражба‘‘.
По претходно добиени оперативни сознанија и брзо постапување на Оделението за Криминалистичка Полиција, успешно беа собрани докази за поднесување на кривична пријава.
Имено кривичното дело пријавениот го извршил во периодот од 25.05.2017 година до 27.05.2017 година во точно не утврдено време во куќа лоцирана во с. Ново Село чиј сопственик во моментот се наоѓал во странство. Откако се уверил дека нема да биде забележан од никого, пријавениот го искршил стаклото од прозорецот од источната страна на куќата и преку истиот влегол внатре. Откако извршил претурање по просториите, од плакар во спалната соба одзел ташна со парични средства и златен накит со што сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 735.000 денари.
Од страна на судија за претходна постапка при Основен суд Струмица на пријавениот В.А. изречена му е мерка пртивор.