Во четвртокот во Скопје се одржа традиционалниот настан „Trash Fashion“, организиран од Младинскиот Културен Центар, со поддршка од ЕУ за Тебе, ОХО и Министерството за образование. На настанот ученици изработуваат облека користејќи отпадни материјали, и истите се вреднуваат по различни критериуми.
Гимназијата „Јане Сандански“ годинава учествуваше со креацијата „Чекор напред“, работена под менторство на професорката Анита Станковска. Моделот кој се појави со креацијата е ученичката Лилјана Иванова, а во нејзиниот тим учествуваа и ученичките Ива Макенаџиева и Гонце Бактерлиева.