Светската здравствена организација секоја година на 14.Јуни го слави Денот на крводарителството со цел да ге промовира дарувањето крв. Тоа е роденденот на Карл Лендштајнер, научникот кој го открил системот на крвните групи: A, B, AB и 0. Во 2008 год., СЗО проценила дека годишно се собираат повеќе од 81 милион единици крв.
Крводарителство — чин на некое лице кога доброволно дарува крв, којашто се користи за трансфузија или за производство на лекови преку процесот наречен фракционација.
Кaј потенцијалните крводарители се прават проценки за сè што може да ја направи крвта небезбедна за употреба. Испитувањето вклучува тестови за болести што се пренесуваат преку трансфузија на крв, вклучувајќи ХИВ и вирусен хепатит. Исто така, се испитува и медицинската историја на крводарителот, а се прави и краток физички тест за да се утврди дека дарувањето крв не е опасно по неговото здравје.