Во среда, (03.07.2019 година) во просториите на општинската зграда во Василево , во организација на општинската организација на Црвен крст од Струмица и Службата за трансфузиона медицина, во соработка и со поддршка општина Василево ќе се спроведе граѓанска акција на доброволно дарување крв. Акцијата ќе се спроведе во периодот од 09,00 до 14,00 часот.
Организаторите упатуваат отворена покана до сите граѓани, да се приклучат на акцијата, да ја покажат својата хуманост на дело и дарувајќи крв да се вклучат во спасувањето на нечиј човечки живот.
Ги информираме сите потенцијални крводарители дека дарувањето крв е доброволно, анонимно и бесплатно. Крводарител може да биде секоја здрава личност на возраст од 18 до 65 години. Пред секое дарување на крв се врши лекарски преглед на потенцијалниот крводарител заради утврдување на неговата здравствената состојба и можноста за дарување на крв. Со 10 дарувања, секој крводарител е ослободен од плаќање на сите видови болничка партиципација.