• Sat. Nov 23rd, 2024

Крводарителите ќе добијат подароци во акцијата што ја организираат СЦ Пандев, Црвен крст и Службата за Трансфузиона медицина

ByЃ. K.

Sep 28, 2023

Драги навивачи и Струмичани, Ве повикуваме да се приклучите на добротворната крводарителска акција која ќе биде организирана на СЦ Пандев во среда, 4 октомври, заедно со ОО Црвен крст на Република Северна Македонија и Службата за Трансфузиона медицина.

Од 9 до 14 часот, покрај дарување крв, ќе можете да се дружите и со фудбалерите и тренерите.

Секој крводарител ќе добие специјална маица ФК Брера Струмица и две карти за натпреварот со Гостивар кој нѐ очекува викендот после крводарителската акција.

By Ѓ. K.