Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди.
Ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Долж Повардарието ќе дува засилен ветер од северен правец, јавува УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20, а максималната ќе достигне од 28 до 35°C. UV=8
Од вторник следува период на стабилно време со јужен ветер и со пораст на температурата.