На 18.11.2023 година околу 14.00 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода Д.М.(51) од Струмица.
МВР денеска соопшти дека тој бил затекнат при извршување кражба во продажен објект во Охрид, при што одзел повеќе предмети.Одземеното било вратено на сопственикот, а лицето било приведено во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.