Социјалдемократскиот сојуз во Струмица спроведува анкета за избор на кандидат за градоначалник. Според информациите од внатрешни избори, партијата деновиве врши анкета на членството. Станува збор за телефонска анкета, односно со смс порака во која челновите избираат едно од четирите предложени имиња.
Социјалдемократите ги предлагаат:
- Костадин Костадинов- пратеник во Собранието
- Коста Јаневски-актуелен градоначалник на о.Струмица
- Зоран Ѓоргиев-директор на ЈПКД Комуналец
- Драган Поп-Стојанов-менаџер во приватен сектор
Од партијата најавуваат дека кандидат ќе биде оној што ќе има најголема доверба од членовите.