Градоначалникот Костадинов и кандидатите за пратеници Јована Тренчевска и Борче Цветков имаа средба со спортистите и спортски работници на којашто разговараа за направеното во изминатите 7 години од заедничката соработка на централната и локалната власт и кои се приоритетите во наредниот период.
„На нивниот труд и успеси возвраќаме со буџетска поддршка на сите спортски клубови, ги мотивираме младите таленти и поддржуваме спортските натпревари и манифестации од домашен и меѓународен карактер. Ја подобруваме и спортската инфраструктура, изградивме и градиме нови спортски сали, повеќенаменски спортски игралишта, градиме затворен базен, ја имаме најдобрата велосипедска инфраструктура“, порача градоначалникот Костадинов.