,,По реакциите на граѓаните, Општина Валандово нема да одвои средства за новогодишно украсување оваа година. Овие средства ќе предложам да бидат пренаменети за уредување на нови простории за потребите на Дневниот центар за деца со попреченост од нашата општина“’.
Вака објави градоначалникот на Валандово перо Костадинов на својот ФБ профил откако општината на 17 ноември објави јавна набавка за новогодишно украсување на општината за која намена биле планирани половина милион денари речиси идентично како и лани