Центарот за дневен престој на стари лица со активно стареење во Босилово е исполнет со разновидни активности. Но, омилена активност на корисниците е подготовка на рачни изработки, како и плетењето кое како што велат ги опушта и им помага за подобрување на нивното ментално здравје.
Изготвените рачни изработки корисниците на центарот ги подарија на лицата со попреченост со кои поминаа заедничко време.