Од утре струмичкото кафе Концепт воопшто нема да работи. вака одлучил менаџерскиот тим загрижен од ширењето на пандемијата КОВИД – 19. Тие на денешниот состанок донеле одлука кафулето да не работи, сакајќи да се солидаризираат со жителите на Дебар и Центар Жупа, но и да упатат апел до граѓаните за масимална внимателност и почитување на мерките на Владата бидејќи коронавирусот секојдневно зема нови жртви во Европа и светот.
Сопственикот на Концепт, Стојан Иванов, за канал ВИС изјави дека е загрижен од ширењето на пандемијата но и последните случувања во Дебар и затоа одлучил со своите менаџери дека јавното здравеје е пред поединечниот интерес.
-Да превенираме заеднички пред да се лечиме поединечно, вели Иванов.
Загрижени за случувањата и загрозуваЗатворање на локалот најави популарната кафетерија Концепт Кафе од Струмица со цел превенција на ширење COVID – 19 и со сооштение се обрати кон својата јавност и повика на општествена одговорност.