• Fri. Nov 22nd, 2024

Кон крајот на јули во Скопје пристигнува првиот тим експерти за преговорите со НАТО

Кон крајот на јули во Скопје ќе пристигне првиот тим експерти за техничките прашања поврзани со пристапните преговори со НАТО, брифира за “Макфакс” висок претставник на алијансата во Брисел. Се очекува процесот на суштинските преговори да почнат во септември, кога повторно во Скопје ќе дојде тим експерти на северноатланската алијанса.

Преговорите се очекува да траат од 6 до 8 месеци, а ратификацијата на пристапниот протокол приближно една година. Дел од прашањата за кои ќе се разговара се за тоа колку пари од буџетот за одбраната издвојува Македонија, потоа за бројот на воени офицери, за реформите во земјата…

НАТО ќе ги цени и реформите од планот 3-6-9 и од Извештајот на Рајнхард Прибе. Се очекува земјата да го зголеми бројот на вработени во постојаната мисија на НАТО во Брисел. Владата ќе треба да изготви и реформски план поврзан со поканата за членството во НАТО.

Според информации на “Макфакс”, се очекува Грција прва да го потпише пристапниот протокол за членство на Македонија во НАТО, по референдумот и уставните промени, со што ќе испрати порака дека е за побрза интеграција на Македонија во северноатланската алијанса.
Поканата за НАТО што Столтенберг ќе му ја врачи на Заев содржи и анекс во кој е наведена целата процедура за прием на Македонија во алијансата.

извор:www.makfax.com.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *