• Sun. Nov 24th, 2024

Комуналец ги санира последиците од невремето во Струмица

Вчерашното невреме не предизвика големи штети, освен неколку откорнати дрвја и искршени гранки на дрворедите во градот. Кратката бура проследена со силен ветер и град предизвика неред по улиците и булеварите во Струмица.

Од утрово на терен се екипи од сите сектори при ЈПКД „Комуналец“. Покрај стандардните активности за метење и чистење, поради поволните временски услови, се спроведува акција за санирање на штетите од невремето. Се врши и машинско миење на булеварите и улиците со автоцистерни. Од УХМР информираат дека и во следните денови во попладневните часови ќе има честа појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. ЈПКД „Комуналец“ ја следи стостојбата на терен со целата расположлива механизација и ќе продолжи во текот на претстојната недела.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *