Непознати сторители во текот на ноќта ја откорнале и украле ѕвездата посветена на Горан Пандев од струмичкиот плоштад. Случајот е забележан рано утрово од минувачи кои интервенирале до општината.
Станува збор за ѕвезда од бакар што општинските власти ја поставија во 2010 тата на центарот од струмичкиоt плоштад во знак на благодарност што Горан Пандев освојувајки ја Лигата на Шампиони и Светскиот КУП со Интер, ја промовираше Струмица.
Струмичани го осудија овој вандализам и побараа да бидат санкционирани сторителите. За нив не е јасно кому му пречи поставената ѕвезда на фудбалско име кое насекаде го промовира струмичкиот и македонскиот фудбал
,, Место да се гордееме дека имаме струмичанец кој освоил титули и дал огромен придонес за струмичкиот и македонскиот фудбал ние му возвраќаме со лошо. Институциите веднаш да го пронајдат сторителот или сторителите оти ова е за секаква осуда и веднаш да се врати ѕвездата,, коментираа струмичани кои беа ужаснати од потегот на непознатите сторители
Општина Струмица ѕвездата ја постави во 2010 тата кога го реконструираше плоштадот . Од таму го осудиија вандалскиот чин и случајот го пријавиле во полицијата
,, Наши екипи работат на расветлување на случајот и откривање на сторителите,, информираа од струмичката полиција кои излегоа на терен и извршија увид
Горан Пандев не сакаше да го коментира случајот.