Полициски час од 22 часот навечер до 5 часот наутро и тоа само за градовите Скопје, Куманово, Тетово и Штип со дел од околните општини во кои има зголемен број на заболени со Ковид-19. Ваков предлог ќе достави Комисијата за заразни болести до Владата, додека за останатиот дел од државата ќе нема дополнителни рестриктивни мерки.
Денешниот биланс на новозаболени со Ковид-19, според неофицијални податоци, нема многу да се разликува од изминатата недела. Предлогот за враќање на мерката „полициски час“ во неколкуте градови и општини е за повторно ограничување на движењето на дел од популацијата, особено помладите кои во претходниот период неконтролирано се собираа по јавни места, како паркови и на Водно.