Вкупно 250 клубови од земја кои ќе добијат пари од Буџетот на Агенцијата за млади и спорт предвиден за 2018 година. Вкупно 22,5 милиони денари ќе бидат поделени за подршка и развој на младинските категории во 11 различни спортови. На листата што ја објави Агенцијата има и струмички клубови кои ќе добијат пари за младинските погони
Еве кои струмички екипи ќе добијат пари од државата за идната година
ФК ,,Академија Пандев,,………………….. 240 000 денари
ЖФК ,, Тиверија ’’………………………………. 105 000 ден.
РК ,, Астраион ’’…………………………………….100 000 ден.
KK ,, МВП Струмица ’’………………………….100 000 ден.
ОК ,, Струмица’’ …………………………………….210 00 ден.
КБК ,, Тим Зоран,,………………………………………67 500 ден.
ОК ,, Еделвајс,, ………………………………………… 60 000 ден.
Спорт и рекреација на инвалидизирани лица………….90 000
„Оваа мерка има за цел да им помогне и да ги поддржи клубовите во сите нивни активности во следната година. Ова е и импулс повеќе за да клубовите продолжат со инвестиции во младинските категории. Мора да мислиме што повеќе за нашата иднина“ – истакна директорот на АМС, Дарко Каевски.